Skip to main content

Центар за социјални грижи : во Струга семејно насилство нема

Во 2009та год. не е регистриран ваков случај. Во Центарот за социјални грижи пријавени биле 5 случаи кои се третираат како нарушени семејни односи. Годинава, досега се работи само на еден случај.

 |  Биљана Николоска  | 
semejno nasilstvo
семејно насилство

Mugni DalipiВо 2009та год. не е регистриран ваков случај. Во Центарот за социјални грижи пријавени биле 5 случаи кои се третираат како нарушени семејни односи. Годинава, досега се работи само на еден случај. Директорот на Центарот, Мугни Далипи, вели дека во сите случаи присутни се елементи на семејно насилство, но не и класично дело, кое согласно законот за семејство подлежи на казна. Најчести причини поради кои жртвата на семејно насилство се откажува од судската постапка  е нејзината економска зависност од партнерот, невработеноста и други пропратни услови, вели Далипи. Тој вели дека соработката со невладиниот сектор е значајна во делувањето за справување со семејното насилство, како еден од посериозните проблеми. Додава дека засега на тоа поле треба повеќе да се активираат и работат. Жените во Струга повеќе се изложени на елементите на семејно насилство, а мажите поретко, вели Далипи. Во ЦСР Струга има доволно стручен кадар, кој успешно може да се справи со оваа проблематика. Но, она што недостасува се адекватни центри за третман на жртвите на семејното насилство и нивно згрижување, вели директорот.




{loadposition content9}