Марта Пејоска – Треба да градиме посебен однос кон луѓето и местото во кое живееме
Марта Пејоска е дипломиран инженер архитект, дизајнер и изработувач на филигран, сопственик на галерија, едриличар, волонтер – спасител во Планинска спасителна служба.
Таа за Охрид вели дека е многу убав град за живеење, иако пред 15тина години не се замислувала воопшто дека би можела да живее овде бидејќи не го препознавала капацитетот од други светски места кои таа имала можност да ги посети и види.
За Заедницата Има Многу Лица раскажува како таа се одлучила да го избере филигранството како нејзина професија и да го претставува Охрид пред странците и надвор: „Сфатив дека го имам филигранскиот живот во свои раце, го сфатив потенцијалот на Охрид како туристичко место и претпоставив како би се развивал Охрид, и решив да бидам храбра. Јас веќе го работев филигранот една декада и сфатив дека е веќе време да излезам од сопствената сенка и од сенката на името и презимето на татко ми, и да си го просторам она што јас го правам“.
Марта вели дека ние како град не знаеме што се не продаваме, и затоа имаме генерален проблем, бидејќи мислиме дека имаме се за секого.
„Јас имам галерија за современ накит и филигран, имам и колеги кои што исто така работат филигран, колеги уметници, резбари… Сите ние сме од она културно милје на градот, кои што поставуваме еден стандард културен и уметнички, меѓутоа од друга страна имаме турбо фолк туризам, туризам што и те како се коси со ова, а се наоѓаат на исто место“.
Марта ја потенцира важноста на волонтирањето, а посебно на Планинската спасителна служба. Таа додава и дека сообраќајната култура вода на луѓето кои управуваат со водни објекти е на многу лошо ниво со оглед на тоа дека има премногу ѓубре во Охридското езеро, и дека ние како луѓе што живееме покрај езерото треба да знаеме што имаме пред нас.
Погледнете ја целата видео сторија Заедницата има многу лица со Марта Пејоска.