Потребно е итно формирање на тимовите за трансплантација во земјава. Два месеци нема трансплантации на органи, велат од НЗ Храбро срце, одбележувајќи го Денот на органодарителство.
Дваесет пациенти со механичка поддршка на срце чекаат транспллантација, ваков оперативен зафат се уште не е направен во земјава.
-Ние немаме ништо друго што да преземеме освен да бидеме гласни да не слушнат надлежните и да преземат чекори со кои што би овозможиле услови да биде трансплантиран и пациент со механичка пумпа. Вос ветот овие пациенти се рпиоритет бр 1 за трансплантација тие се рачунаат како веќе да немаат орган и треба да им се замени со срце„, вели Васко Јолески, Претседател на Храбро срце.
На листата на чекање за трансплантација на органи има многу млади пациенти, но мал е бројот на донори. Во земјава се уште е ниска свеста за органодарување.
– Тоа се околу 20 тина пациенти за трансплантација на срце, 15 за црн дроб и 147 за бубрези Од нив има многу млади пациенти има 13, 16 годишни имаше дури две девојчиња кои пораснаа па сега веќе влегуваат во адултната група за трансплантација. Голем е бројот на пациенти кои што чекаат, но исто така мал е бројот, за жал секаде во светот постои недостаток на органи”, вели др Маја Мојсова Мијовска поранешен Национален координатор за трансплантации.
Секој човек е потенцијален донор. Во земјава се направени вкупно 11 трансплантации на срце, и околу 34 на бубрег. Нашата земја се уште не е дел од мрежата Еуро трансплант поради високите критериуми кои се бараат, но и нискиот број на органодарители.
Новинар Соња Рилковска