На Ќафасан најдена илегалка во багажник од “пунто“
Девојка без никаква идентификација во себе пронашле синоќа царинските службеници на граничниот премин Ќафасан, при обид илегално да влезе во Македонија.
Девојка без никаква идентификација во себе пронашле синоќа царинските службеници на граничниот премин Ќафасан, при обид илегално да влезе во Македонија.
Непозната била сокриена во багажниот простор на автомобил марка “фиат пунто“.
Цариниците при редовна контрола на возило управувано од државјанка на Косово, со косовски регистарски таблички, пријавено за влез во државава на граничниот премин Ќафасан ја нашле 21- годишна девојка сокриена во багажникот, покриена со две женски јакни.
Случајот и лицето се предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка, информираат од Царинската управа.
{loadposition content9}