СВР Билтен: нарушен јавен ред и мир во угостителски објект на Железничка, приведени две лица кои одгледувале канабис на паркинг простор

На 14.08.2024 околу 20.00 часот на улицата „15 Корпус” во Охрид, по преземени активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 33 и 46 годишни лица од Охрид. Тие се затекнати на паркинг простор каде одгледувале растение канабис. Подоцна, при претрес во нивните домови, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. -Лицата бea задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во полицискиот билтен.
На 14.08.2024 во 18.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект на булеварот „Железничка” во Охрид, охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз неколку лица. По целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




