Позитивната листа дополнета со девет генерики првпат по 2014та година
Вчера (15.08.2024 година), Управниот одбор на Фондот, донесе одлука за дополнување на Позитивната листа на лекови со вкупно девет лека по генеричко име, односно, по форма и јачина фактички позитивната листа се проширува за вкупно 20 лека. Ова подразбира проширување на позитивната листа на лекови со 59 бренд заштитни имиња и тоа за : крвни болести – антикоагуланси (Prasugrel, Ticagrelor), болести на срце и крвни садови – против висок притисок и високи масти (Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate) , за централен нервен систем – антидепресиви и за третирање деменција (Escitalopram, Memantine, Duloxetine).
-Проценетото влијание врз буџетот на Фондот на годишно ниво е околу еден милион евра. Ова е прво дополнување на листата по 2014та година. Фондот е посветен на пристап кон подобри лекови и ги охрабрува сите чинители кон натамошни дополнувања, се вели во соопштението од ФЗО.