Граѓани и од организации се одзваа на повикот за донирање храна и пијалаци наменети за лицата коишто со денови неуморно се борат со огнената стихија на Галичица. Донации започнаа да пристигнуваат во Црвен крст Охрид веднаш по објавениот апел синоќа.
Донациите примени до овој момент веќе се на пат за Галичица, информираат од Црвен Крст Охрид.
Од Црвен крст Охрид изразуваат огромна благодарност на граѓаните, на фирмите и на институциите коишто со своите донации ги поддржуваат натчовечките напори за гаснење на пожарот на Галичица.
Црвен крст Охрид ја информира јавноста дека ќе продолжи да прифаќа донации од граѓани и од организации во своите простории на улица „Димитар Влахов“ број 52, и тоа:
денес (петок, 16.08) до 15:00 часот
утре (сабота, 17.08) од 09:00 до 12:00 часот
задутре (недела, 18.08) од 09:00 до 12:00
Потребни се донации во:
Конзервирана храна – месни нарезоци, паштети, сардини
Вакумирано сувомеснато
Вода во пакување од 0,5 литри
Пијалаци, негазирани и газирани
Житни барови