Skip to main content

Црвен Крст Охрид: Засега нема потреба од донации на храна и пијалоци за лицата на Галичица

Црвен крст Охрид уште еднаш упатува огромна благодарност до сите граѓани, организации и институции коишто ја изразија својата солидарност донирајќи продукти.
 |  инфодеск  | 

Црвен крст Охрид ја известува јавноста дека од екипите на Галичица добиле информација дека ЗАСЕГА ВЕЌЕ НЕМА ПОТРЕБА од донации на храна и на пијалаци за лицата коишто го гаснат пожарот на Галичица.

Црвен крст Охрид уште еднаш упатува огромна благодарност до сите граѓани, организации и институции коишто ја изразија својата солидарност донирајќи продукти.

Донациите кои беа собрани синоќа и изутринава веќе се доставени до екипите на терен на Галичица и засега нема потреба од дополнителни количини, објавија на социјалните мреѓи дирекно инволвирани во акцијата.