Skip to main content

Започнува шестиот Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“

Годинава кампот е во знак на симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа, велат организаторите.
 |  инфодеск  | 

Во четврток, 22 август, традиционално, во ОУ „Ванчо Николески“, во Лескоец, свечено ќе биде отворен, шесттиот по ред, Балкански поетски Камп за млади „Ванчо Николески“ во организација на Друштвото за литература и култура „Мацково“.

Учениците од училиштето, единствената иституција кај нас, која го носи името на родоначалникот на македонската литература за деца и млади, за свечениот чин, подготвуваат посебна културно-уметничка програма. Учесници се млади, надежни поетски имиња од Република Македонија, Бугарија, Грција, Албанија, Турција и Хрватска.

Годинава, како плод на воспоставената прекугранична соработка со Организацијата за литературно и културно активирање, од Корча, Албанија, Кампот внесува нова содржина, со тоа што, еден ден, петок 23 август, учесниците и организаторите, од Охрид и Црвена Вода, местото на раѓањето на Николески, ќе се префрлат во областа Мала Преспа, Албанија, регион населен со етнички Македонци.Таму, тие ќе бидат гости на своите другарчиња од средното училиште во Пустец, како и на општина Пустец, каде ќе ги прими градоначалникот Пали Колефски. Годинешните учесници ќе бидат примени и во општините Охрид и Дебрца, од страна на градоначалниците, ќе имаат можн ост да ја разгледаат богатата Галерија на дела од Ликовната колонија Дебрца во Белчишта, како и Спомен собата на Николески во Црвена Вода, заедно со неговата родна куќа. Часовите за креативно пишување, односно поетските работилници, ќе ги води поетот, професор д-р Христо Петрески.

Младите поети ќе проследат и дел од манифестациите на Струшките вечери на поезијата.вклучителмно и Поетскиот портрет на лауреатот на „Златен венец“ за 2024 година, во црквата „Св. Софија“ во Охрид.

Манифестацијата ќе трае до петок, 24 август.

Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“ се одржува под покровителство на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, со седиште во Верона, Италија, додека, финансиски е помогната од Општините Охрид и Дебрца, како и од спонзори и помагатели.