ФЕР ПЛЕЈ КУП започнува денеска и по 13ти пат се одржува на СРЦ „Билјанини Извори“ – Охрид.
Ова година учествуваат близу 120 екипи во 6 возрасни категории од целиот Балкан.
-Ние како организатори се радуваме на вашето учество и ви посакуваме пријатно добредојде во балканскиот Ерусалим, да уживате низ натпреварите како и во убавината на Охрид. На родителите и публиката, да се радуваме на сите натпревари за уживање и другарување на децата , сите учесници да ги наградуваме со аплауз да бидеме коректни и да го разубавиме настанот. Резултатите кај децата не се најважни. Најважна е радоста и среќата на децата, порачуваат од ФК Фер Плеј кои го организираат настанот.
Финалните натпревари се закажани за во недела 25.08.2024год.