Skip to main content

свр билтен

СВР Билтен: нарушен јавниот ред и мир во с. Ботун и на ул.„Даме Груев“ во Охрид

Погледнете го најновиот билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 21.08.2024 во 14.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Ботун, општина Дебрца, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од 49 годишен ресенчанец врз 65 годишно лице од с.Ботун. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.08.2024 во 16.47 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Даме Груев“ во Охрид, поради нарушени односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 4 лица, сите од Охрид. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.