Клубот на млади при Црвен Крст Охрид организира интересна активност каде младите можат да ја покажат својата тимска работа, решат загатки и избегаат од таканаречениот ESCAPE ROOM.
Тема на настанот е „Шетајќи по запуштениот град, наоѓате ранец во кој би можеле да ги најдете потребните залихи за живот. Се обидувате да го земете, но набргу опасноста повторно се приближува.“
Настанот ќе се одржи во деновите среда, четврток и петок (28, 29 и 30 август) од 17:00 до 03:00 часот на паркингот во Касарната. Цената по учесник е 200 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели, информираат од Црвен Крст Охрид.