свр охрид
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.08.2024 во 19.20 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишиле 53 годишно лице од Охрид. По преземени мерки и активности и добиена наредба од Основен суд Охрид, бил извршен претрес во неговиот угостителски објект во Охрид, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен претрес и во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и бела прашкаста материја.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.




