Привршува летната туристичката сезона, Охрид и овој викенд е полн со туристи. На крајот од август најбројни се странските гости од Турција, Холандија и Полска, но и голем број туристи од соседните земји, особено од Србија.
Туристите генерално се задоволни од посетата на Охрид, забелешки има за цените во угостителските објекти.
-Од Англија доаѓаме, убаво е овде. Многу е евтино овде собено кога ќе споредиме со Англија.
-Јас мислам е многу евтино, особено спрема Лондон.
-Многу поевтино е овде отколку во Амстердам, прекрасно е и има убави цени.
–Цените за разлика од другите градови во Македонија се малку повисоки но сепак е туристичко место и нормално е тоа. Меѓутоа Охрид си вреди како наше богатство и треба заедно да го чуваме.
– Цените се како секаде, има убав избор. За сервисот, за чисто што е за луѓето што се толку пријатни најубаво е. Не се плаќа со пари.
Туристичките работници оваа сезона ја оценуваат како солидна, но сметаат дека треба да се избегнува масовниот туризам Во . однос на цените велат Охрид и натаму е најевтина дестинација споредбено со туристичките места во околните земји.
-„ Услугата, местото, седењето, столчето. Глетката наоколу сето тоа се продава. Значи еден објект со убава глетка плаќа кирија многу поскапа во споредба со некој што е на пазариште или настарана. Охрид веќе станува препознатлив и за побогатата клиентела “, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
– Еве сега имаме и министерство за кутлруа и туризам и мислам дека час поскоро треба да се гради стартегија која ќе го измени видот на туристи кои што го посетуваат нашиот Охрид Охрид заслужува многу повеќе ние треба да направиме понуда и цена и стратегијата ќе си донесат свои резултатити”, вели Челик Асим туристички работник.
Според туристичките работници солидна исполнетост и гости ќе има до крајот на септември.
Новинар Соња Рилковска