Со силата на мислата и волјата сѐ е возможно, порача 70-годишниот Петков по успешниот подвиг во Охрид
Човекот амфибија, седумдесетгодишниот Јане Петков, во многу сложени услови, врзан со лисици, ланци и тег околу вратот, потопен на дното на Охридското Езеро, успеа да се ослободи и да излезе на површината на водата, по примерот на светски познатиот илузионист Хари Худини.
Настанот на Сараиште со голем интерес го следеа туристите кои уживаа на плажата како и охриѓани кои дојдоа да го проследат атрактивниот подвиог. Петков за медиумите изјави дека се чувствува одлично и дека никогаш нема трема пред неговите предизвици благодарение на медитацијата.
„Се чувствувам одлично после овој подвиг. Малку ми беше студено со оглед дека кај нас тренирав во потопла вода, но се се заврши успешно. Немав никакви притисоци пред да влезам во водата бидејќи огромна е енергијата што ја носи мојата мисла. Се навикнав со секој предзивик кој го имам да се справувам лесно и тоа води до успех. Секој предизвик е тежок, но нема невозможни работи, се може да се постигне. Треба човек само да верува. “ – рече Петков.
Петков вели дека си поставува вакви тешки задачи, како денешната во Охрид, затоа што постојано размислувал за пространите можности на човековиот дух, за силата на мислата и вољата која во комбинација со посебни техники на дишење тој ги применува во животот. Додава дека постојано ја одржува кондицијата и во секој мномент е подготвен за некој нов предизвик. А на прашањето како ја одржува виталноста на 70 години Петков со одговор:
„ Тајната за одржување на добра физичка кондиција е хармонијата на трите основни енергии: чувствата, умот и волјата. Ако се овие три основни енергии во хармонија се постигнува се. “– вели Петков.
Тој веќе го планира својот следен подвиг кој можеби повторно ќе биде во Охрид за кој вели дека е духовен центар со прекрасното Охридско Езеро кој многу го сака.
Овој необичен и атрактивен настан кој се реализира во рамки на Охридскиот Фестивал на Вода 2024, е во организација на Црвен крст Охрид со поддршка на Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008 и Нуркачкиот центар Акватек од Охрид.
Денешниот беше втор настан кој Црвен крст Охрид го организира со Јане Петков. Првиот, спортско-медицински настан за Гинисов рекорд, Црвен крст го организира во 2013 година, кога Јане Петков препливува растојание поголемо од 2 км. од плажата Орце Николов до Градското пристаниште во Охрид, целосно врзан во вреќа.