МНР се уште без информации за загинатиот македонец во Авганистан
Македонското Министерство за надворешни работи се уште нема информации за смртта на македонскиот државјанин во Авганистан. Велат македонскиот конзулат ги контактирал авганистанските власти, но се уште немаат повратна информација.
Македонското Министерство за надворешни работи се уште нема информации за смртта на македонскиот државјанин во Авганистан. Велат македонскиот конзулат ги контактирал авганистанските власти, но се уште немаат повратна информација.
“Ги контактиравме властите во Авганистан, но се уште немам никаква информација. Немаме ниту потврда дали човекот е починат, а ако е од што настапила смртта, дали е природна или не. Информација ја очекуваме може да пристигне денеска или пак во текот на неделава“, велат од МНР.
Во случајот е ангажирана и македонската на Анкара за да изврши притисок врз властите во Авганистан за поскоро да ја испратат информација.
Од МНР објаснуваат дека властите во Авганистан мораат да ја испратат информацијата бидејќи без неа тие не можат да издадат дозвола за транспорт на телото од земјата каде починал до Македонија.
Според неофицијални извори пред два три дена во Авганистан загинал 44-годишниот кумановец Будимир Спасовски кој работел за приватна компанија за обезбедување во Авганистан. Веста во Куманово ја пренеле неговите колеги, според кои тој починал од мозочен удар во неговиот кревет. Но, други информации говорат дека Спасовски починал откако бил погоден од снајпер во главата додека обезбедувал воен конвој.
Сепак сите овие информации остануваат непотврдени без официјалната информација од авганистанските власти.
{loadposition content9}