За прв пат оваа учебна година Агенција за обезбедување ќе се грижи за безбедноста на основците и средношколците. Во рамките на проектот „Безбедни училишта” поставен е и видео надзор во три средни и пет основни училишта.
Целта е намалување на потенцијалните ризици, спречување насилство и булинг.
„Максимална безбедност ќе се овозможи на учениците ќе имаме 24 часовен видео надозр Агенцијата за обезбедување ќе врши патролно обезбедување, а дополнително секој сменоводител ќе има на некој начин паник тастер кој ќе овозможува во случај на потреба брза интервенција”, вели Димитар Спасески раководител на Секторот за образование.
Незначително е намален бројот на ученици во Охрид, а во шест училишта започнува едносменска настава.
„Ниту една паралелка нема да се намали а се воведува едносменска настава тоа е исклучиво направено како резултат на бројните инвестиции и кабинетсата настава која што е воведена. Некаде ќе имаме потреба од доградба на училници, ја правиме таа анализа веројатно со помалку инвестиции ќе успееме да дојдеме до едносменска настава”, додава Спасески.
Охридските училишта се подготвени за стартот на учебната година, од Општина Охрид велат со циклус инвестиции подобрени се условите во повеќето образовни објекти.
Новинар Соња Рилковска