Skip to main content

општина охрид

Драмските претстави „Ќерките на Фроса“ и „Модерна бајка“ денес за најмладите

Претставите ќе бидат одиграни на сцената кај ТЦ „Амам“ во 20:00 часот.
 |  инфодеск  | 

Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, денес, 30.08.2024 година на сцената кај ТЦ „Амам“ во 20:00 часот, ќе бидат одиграни драмските претстави „Ќерките на Фроса“ и адаптацијата на „Модерна бајка“.

Претставите се подготвени од членовите на детското драмско студио „Цвет 75“ под раководство на Драгана Боцеска.