ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува корисниците дека при санирање на дефект настаната е контаминација на водата за пиење во и околу мернo местo ресторан Билјанини Извори -Охрид.
-Од страна на ЈЗУ Цeнтар за јавно здравје – Охрид земена е повторно вода за анализа од ова мерно место и се додека не се добијат официјални резултати од извршените анализи, се забранува за пиење водата во и околу мерно место ресторан Билјанини Извори -Охрид, се вели во соопштението од ЈП Водовод -Охрид.