Skip to main content

Да се помести стартот на учебната година за продолжување на туристичката сезона

Да се помести стартот на учебната година за да се продолжи туристичката сезона. Со години предлагаат од хотелско туристичкиот сектор. Временските прилики дозволуваат, а економскиот бенефит во локалната економија во туристичките центри  ќе биде голем.
 |  инфодеск  | 

Со почетокот на учебната година во Охрид значително се намалува бројот на посетители. Овој последен викенд од август се чувствува крајот на летната сезона. Хотелско угостителскиот сектор со години предлага поместување на летниот распуст, наместо  на 1-ви стартот да биде на 10-ти или 15-ти септември, со тоа ќе се продолжи туристичката сезона.

Велат, временските прилики дозволуваат, до средината на септември има топло време, топла е и водата во Охридското Езеро, а економскиот бенефит  за локалната економија ќе биде голем.

„Сведоци сме  изминативе неколку години езоната се пролонгира, меѓутоа кога велам се пролонгира мислам на временските услови. Гледаме дека месец септември е доста топол и имаме можност за капалишен туризам и со тоа изискува учебната година која што долги години наназад кај нас започнува на 01 септември да се пролонгира и со тоа да се даде шанса на оние кои што сакаат да дојдат и да си го обават својот годишен одмор и во септември”,вели Челик Асим, туристички работник од Охрид.

Наместо сите настани да бидат натрупани во јули и август, потребно е организирање на манифестации, концерти, културни настани, фестивали  и во септември. Тоа дополнително ќе привлече туристи и ќе ја продолжи сезоната.

„Охрид е атрактивен и во септември, октомври, и во зима но многу е битно овие настаните кога имаме гости во шпицот на сезоната да речеме јули и август ги викаме екс југословенските пејачи овде да прават концерти а тогаш и нема потреба нека ја продолжат сезоната во септември октомври тогаш нека прават концерти. Работата е да се продолжи сезоната во месеците кога немаме многу туристи”. вели Зоран Ангелоски, бродар.

Во септември на брегот на Охридското Езеро се уште има туристи, но претежно странци  од повозрасната генерација.

Новинар Соња Рилковска