Skip to main content

УХМР

Денес во Охрид сончево и топло со температури до 28 степени

Следува период со претежно попладневна нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме.
 |  инфодеск  | 

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 16 до 28 степени Целзиусови.

Следува период со претежно попладневна нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме, велат од УХМР.