Од 06.09.2024 год.(петок) Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид започнува со реализирање на есенскиот циклус од Календарот за 2024 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид.
Ј.П.,,Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.09.2024 год. (петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад од У.З.1 Стар Град и ги замолува граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 06.09.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот
Од претпријатието посочуваат дека отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.