На 02.09.2024 околу 20.30 часот на ул. „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници привеле 3 лица на возраст од 21, 18 и 20 години, сите од Охрид, додека еден малолетник од Охрид е повикан на службен разговор затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. При приведувањето, кај едниот од нив биле пронајдени и одземени марихуана и грендер со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 02.09.2024 во 18.50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 49 и 70 годишно лице од Охрид. Тие се сомничат дека околу 17.50 часот, по претходно случена сообраќајна незгода, физички и со метални предмети нападнале 43 годишно лице од с.Лешани, општина Дебрца. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.09.2024 во 16.20 часот во СВР Охрид, 68 годишно лице од Охрид пријавил дека во дворно место на ул.„Галичица“ едно лице физички го нападнало, при што во раката имало и остар предмет. Се работи на расчистување на случајот.