Skip to main content

Влада: 68 милиони денари за изградба на колекторот во Трпејца

Владата ја усвои информацијата за финансиски средства за реализација на проектот: Изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во с. Трпејца, општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Трпејца

68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца, 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини мешу кои и Охрид. Ова се дел од одлуките од вчерашната седница на Владата.

Владата ја усвои информацијата за финансиски средства за реализација на проектот: Изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во с. Трпејца, општина Охрид.
Проценетата инвестициона вредност на проектот за изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во с. Трпејца, општина Охрид е 68 милиони денари со вклучен ДДВ и средствата ќе бидат обезбедувани во Буџетот на Министерството за транспорт. Рокот за изведба на планираниот проект би изнесувал околу 8 календарски месеци.


Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства од над 53 милиони денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во повеќе општини.
Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства во износ од 21 милион денари за изградба на фекална канализација на дел од ул. Кленоец и изградба на атмосферска канализација на дел од ул. Кленоец, општина Охрид. Планирано е набавката за реализација да започне во месец октомври 2024 година.