Skip to main content

На доктор со гумени чизми или чамец

Локални езера среде Струга. Поради неможноста пацинтите да доаѓаат во ординацијата приморани сме да ги посетуваме дома, велат од Приватната здравствена установа Хаџер, Струга.

 |  Татјана Маленкова  | 
poplava
поплава

poplavaЛокални езера среде Струга. Поради неможноста пацинтите да доаѓаат во ординацијата приморани сме да ги посетуваме дома, велат од Приватната здравствена установа Хаџер, Струга.

Два месеци езеро пред ординацијата на д-р. Хаџер Алиет. Пациентите кај својот матичен лекар можат да дојдат само со чизми.

„Проблемов се пролонгира од пред Нова година. Реагиравме до сите надлежни институции но нашите забелешки не ги сватија сериозно“, вели д-р Хаџер Алиет од ПЗУ „Хаџер“ Струга.

„За моите пацинти јас се направив услужен ценатар или одам дома за да ги прегледам или им носам рецепти. Вака не се работи“, вели д-р. Алиет.

Докторката проблемот го гледа во неисчистените канали. Таа додава дека треба и  улицата да се тампонира во најкратот рок.

“Јас ги плаќам комуналиите и се останато како сите други. Затоа барам мојот проблем да се реши“, вели д-р Алиет.

Инаку ординацијата на д-р Алиет има околу 1000 пациенти. Од сите нив во овие два месеци ниту еден не дошол во ординацијата на својот матичен лекар. Проблемите ги соопштуваат по телефон, а кога има потреба докторката ги посетува во нивниот дом.


{loadposition content}