Skip to main content

Mеѓународeн турнир Град При во стрелаштво во организација на ЖСК „Лихнидос“

Женски стрелачки клуб ,,Лихнидос“ ги поканува своите активни членови, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво да земат учество на вториот отворен Турнир во спортско стрелаштво со огнено оружје- пиштол и револвер, како и малокалибарска пушка со оптички нишан.
 |  инфодеск  | 

Женскиот стрелачки клуб ,,Лихнидос” по вторпат оваа година ќе го организира меѓународниот Турнир Град Приx 2024 год. под покровителство на Општина Охрид и Македонската спортска стрелачка Федерација.

„Турнирот ќе се одржи на стрелиштето Бејбунар во Охрид, а целта ни е продолжување на туристичката сезона, промоција и презентација на градот и збогатување со нова содржина, со што би се привлекле повеќе гости како од државата така и од регионов.“ – велат организаторите.

Женски стрелачки клуб ,,Лихнидос“ ги поканува своите активни членови, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво да земат учество на вториот отворен Турнир во спортско стрелаштво со огнено оружје- пиштол и револвер, како и малокалибарска пушка со оптички нишан на 50 и 100 м што ќе се одржи на 15.09.2024.

Котизацијата за една дисциплина ќе изнесува 500 денари, а за секоја наредна 300 ден. Еден натпреварувач може да се натпреварува во сите 4 дисциплини со уплата од 1.400 денари

Пријавување на е-маил на sklihnidos@yahoo.com најдоцна до 11.09.2024, а право на учество ќе имаат сите учесници кои ќе уплатат котизацијата на ж-ска 250 000 301 790 391 Шпаркасе банкаОхрид најдоцна до 13.09.2024г до 14ч.

Се молат сите учесници на Турнирот да ги почитуваат правилата за безбедно ракување и користење на оружјето да носат заштитни наочари и антифони. Секое непрописно однесување и непочитување на одредбите, како и безбедноста во ракувањето со оружјето ќе биде санкционирано со дисквалификација.“ – напоменуваат организаторите.