Skip to main content

Во сабота еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро кај Струга

Од клубот „Норкач“ ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, организации и медиуми да се придружат и да ја поддржат оваа акција. 
 |  инфодеск  | 

Клубот за подводни активности „Норкач“ од Струга во соработка со Camping SCOUT, Diving.mk и нуркачки клуб „Сирена“- Скопје во сабота ќе ја реализираат втората еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје.

-Оваа акција има за цел да го зачуваме природното богатство на Охридското Езеро и да ја подигнеме свеста за значењето на заштитата на животната средина. Преку оваа иницијатива, сакаме да придонесеме кон одржување на чистотата и убавината на нашето природно наследство, велат од клубот „Норкач“.

Организаторот очекува на акцијата да се приклучат и други нуркачки клубови од цела Македонија, како и од Србија.

Ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, организации и медиуми да се придружат и да ја поддржат оваа акција. 

Поддржувач на проектот, е друштвото за управување со отпад „Нула отпад“.