Skip to main content

„Акватика Јахтинг“ со шест медали од балканскиот „Шарлов куп 2024“ во Смедерево

Едриличарите од Клубот за спортско едрење Акватика Јахтинг Охрид освоија грст медали на Шарлов Куп кој викендов се одржа во Смедерево, Србија, во организација на Бродарскиот клуб „Металац” од Смедерево.
 |  инфодеск  | 

Успешен настап на едриличарите на „Акватика Јахтинг“ од Охрид на балканскиот „Шарлов куп 2024“ кој викендов се одржа во Смедерево, Србија, во организација на Бродарскиот клуб „Металац“ од Смедерево.

На натпреварувањето во класите Оптимист, Илка 4, Илка 6 и 470, во конкуренција на околу 50 едриличари од седум клубови од Србија, Романија и Македонија, натпреварувачите од „Акватика Јахтинг“ од Охрид освоија шест медали.

Од македонските едриличари, со златен медал во класата Оптимист во женска конкуренција се закити Мила Булатовиќ, сребрени медали освоија Софија Ставрева (Илка 6), Дарија Зографска (Оптимист, до 12 години) и Петар Филоски (Оптимист, до 14 години), а бронзени медали освоија Јана Неданоска (Илка 6) и Илина Гаџовска (Илка 4).