Skip to main content

Интернационална полициска асоцијација

Стефан Димоски именуван за портпарол на Светскиот ИПА конгрес

На светскиот конгрес во Охрид, ќе присуствуваат 64 ИПА држави и нивни национални ИПА секции како и други меѓународни организации членки на Обединетите нации, со присуство на 240 учесници-високо рангирани полициски службеници во матичните Министерства за внатрешни работи.
 |  инфодеск  | 

Искусниот долгогодишен портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид. Стефан Димоски е наименуван за портпарол на Светскиот ИПА конгрес.

Портпаролот на СВР Охрид и претседател на Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид е наименуван за портпарол на 67 Светскиот конгрес на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), што од 17 до 22 септември ќе се одржи во Охрид.

На светскиот конгрес, ќе присуствуваат 64 ИПА држави и нивни национални ИПА секции како и други меѓународни организации членки на Обединетите нации, со присуство на 240 учесници-високо рангирани полициски службеници во матичните Министерства за внатрешни работи.