Skip to main content

Се работи на извештајот за штетите предизвикани од пожарот во НП Галичица

Се уште нема официјален извештај колкави се материјалните штети од пожарите во НП Галичица. Но, според еколозите  штетите врз животната средина се далекусежни. Потребна е  сериозна подготвовка за справување со климатските промени,  поголема грижа  од страна на државата за заштита на шумите, како  и почесто пошумување.
 |  инфодеск  | 

Се работи официјалниот извештај за материјалните штети предизвикани  од пожарите, што во месец август го зафатија  НП Галичица. Според првичните анализи изгореа околу  6500 хектари шумска вегетација, од нив  1800 хектари на македонска страна. Поголемиот дел од нив се тревни површини, пасишта  и смрека, а мал дел од дабовата и буковата шума.

Според експертите потребна е поголема државна поддршка и финансиска помош за заштита на биодиверзитетот.

„Ако сакаме квалитетна заштита на природата државата мора да ги преземе своите обврски Овој начин на долг рок е неодржлив и ние ќе изгубиме и делови од биолошката разновидност и ќе изгубиме делови од државата во кои сме обезбедиле заштта на видовите и природните процеси”, вели Андон Андон Бојаџи од одделението за заштита на НП Галичица.

Намалениот шумски фонд ги нарушува еколошките услови, штети има врз растителниот и животинскиот свет, а може да доведе  и  до зголемен интензитет на ерозија и создавање на поројни водотеци.

„Го прочистуваат воздухот, поготово биолошки, механички. Исто така шумите за задржуваат водата да имаме активни извори подземни води за еко системите да бидат полни. Ако шумите се уништени тоа нормално се деградира и ќе имаме проблеми со снабдувањето на вода и за пиење и за реките и езерата.“ – вели Лазе Наумоски еколог.

Потребна е  сериозна подготовка за справување со климатските промени,  поголема грижа и заштита на шумите и почесто пошумување.

Новнар Соња Рилковска