Skip to main content

СВР Охрид

Граѓаните, кои до 23 август поднеле барања за нови лични документи, истите можат да ги подигнат

Новите лични документи можат да ги подигнат во просториите на Одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.  Во Охрид, тоа можат да го направат секој работен ден од 07.30 до 18 часот додека во другите градови до 16 часот.
 |  инфодеск  | 

Отсекот за управни работи при СВР Охрид ги информира граѓаните, кои до 23 август оваа година поднеле барања за замена на старите лични карти, патни исправи и возачки дозволи, со нови лични документи, дека истите можат да ги подигнат во просториите на Одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.  Во Охрид, тоа можат да го направат секој работен ден од 07.30 до 18 часот додека во другите градови до 16 часот.

Отсекот за управни работи при СВР Охрид секојдневно ги прима и навремено ги процесуира сите барања за вадење нови лични документи што ги доставуваат граѓаните со цел забрзување на постапката и брзо решавање на апликациите доставени од граѓаните, велат од СВР Охрид.