„Заедницата има многу лица“ – успешен проект на ТВМ
„Заедницата има многу лица“ е успешна приказна реализирана во рамки на програмата Медиуми за промени од Западен Балкан, поддржана од Обединетото Кралство, според тимот кој ја спроведува. Ова е втор успешен проект на ТВМ после „Ти си твојот град“ реализиран во 2021та година во рамки на програмата „Медиуми за сите”. Целта на „Заедницата има многу лица” е да се овозможи на граѓани од различни групи – жени, постари лица и млади луѓе – платформа за споделување на нивните приказни, да се даде можност на публиката да креира содржини, да поттикне дискусии, да ги сподели своите размислувања, предизвици, проблеми и потреби во заедницата, како и да раскаже позитивни, инспиративни и мотивациони приказни.
Шесте кратки видео стории претставени во визуелно привлечен медиумски формат, го привлекоа вниманието на публиката и покажаа дека многу луѓе сакаат да бидат видени и слушнати, да се слушнат нивните ставови и мислења. Сакавме да зборуваат за нивните животи, што ги поддржува, што не, и што би сакале да се промени и да ги инспирира локалните власти да ги земат предвид нивните потреби при креирањето политики и буџетирање, како и да ја подигнеме свеста во заедницата дека мора да се грижиме еден за друг. Благодарение на поддршката од Бритиш Кансал воведовме толкување на знаковен јазик за дебатите во живо.
Имплементацијата на проектот, со поддршка на програмата Медиуми за промени од Западен Балкан не мотивираше да создадеме мрежа преку веб порталот, социјалните мрежи и каналот на YouTube, значително зголемувајќи го информативното влијание на ТВМ, вклученоста на граѓаните и подигање на свеста за клучните прашања на заедницата. Во иднина се надеваме дека во „Заедницата има многу лица” заедно со граѓаните, ќе раскажеме уште многу локални приказни.
Прочитајте повеќе што напиша Бритиш Кансл за „Заедницата Има Многу Лица“ на линкот.