НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид
Охридскиот театар во понеделник ја започнува новата театарска сезона
Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари.
Охридскиот театар новата театарска сезона ја започнува на 23 септември 2024 (понеделник) со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски.
Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Тодороска, Адријана Билаловиќ-Вељаноска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.
Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари.
Од НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид напоменуваат дека билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот, резервации за претставата не се примаат и се продаваат само на билетарата.