Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид
Во петок акција за кабаст отпад во У.З.8 Билјанини Извори
Од претпријатието апелираат кабастиот отпад да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.

Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 20.09.2024 год. (петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.8 Билјанини Извори.
„Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 20.09.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот“, велат од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид.
Од претпријатието апелираат кабастиот отпад да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.




