Во Охрид се одржува 67. Светски конгрес на Интернационалната полициска асоцијација
Под мотото „Преку служба до пријателство“, Интернационалната полициска асоцијација преку соработка, размена на информации и искуства има за цел да се подигне нивото на професионалност на полициските службеници низ целиот свет. Во таа насока 64 ИПА држави и нивни национални ИПА секции како и други меѓународни организации членки на Обединетите нации, и преку 240 учесници-високо рангирани полициски службеници во матичните министерства за внатрешни работи од денеска па до 22 септември се во Охрид на 67-от Светски конгрес на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА).
Мартин Хофман, претседетел на Интернационалната полициска асоцијација изјави: ИПА еднаш годишно има голем останок како овој во Охрид со претставници од 69 земји. Ваквите состаноци ни помагаат во борбата со организираниот криминал, трговијата со луѓе и дрога. Она што се обидуваме да го направиме тука е да комуницираме, да размениме искуства, да изнаоѓаме разни решенија за борба со организираниот криминал. Имаме меморандуми за соработка со различни организации како Roadpol, Interpol Europol, имаме меморандум за соработка со Советот на Европа и Обединетите нации што многу ни помага во акциите низ целиот свет. ИПА е приватна и неполитичка организација која воспоставува мрежа на полициските офицери низ целиот свет и која функционира ефикасно како полициските организации. Ние не се мешаме во официјалните канали но интеракцијата на полициските офицери од цел свет на овој начин е многу побрз и подобар отколку административните или бирократски комуникациин и има голем бенефит за полициската работа.
Претседателот на ИПА Македонија, Игно Стојков, потенцираше дека тоа што Охрид и Македонија се домаќини на највисокиот репрезентативен собир на државите и полициите од светот-членки на ИПА претставува голем успех за државата.
Игно Стојков – Претседател на ИПА Македонија изјави: Во однос на развивањето на полициските служби во националните секции-држави, преку меѓусебната комуникација којашто ја имаме и остваруваме тука има значаен придонес. Пред се ИПА е невладина организација којашто има за цел, пред се да гиштити интересите на полициксите службеници, да ги спојува и воедно да ги едуцира и да им помага со технички помагала и опрема. Меѓутоа ние како надворешна институција која не е дел од полициските служби или внатрешен дел на министерствата , но нашите членови се сите вработени во министерствата и ние сме како еден потпирачки столб во делот на едукацијата и соработката на нашето министерство.
Стојков посочи дека во многу држави во организација на ИПА се одржуваат бројни обуки, работилници , семинари во однос на полициската пракса, тактика, се работи на темите за мигранти, трговоја со дрога, трговија со луѓе, меѓугранична соработка. Со оглед на тоа дека Министерството за внатрешни работи е со ограничени финансиски средства на располагање, обуките кои ги обезбедува и чии трошоци ги покрива ИПА се од големо значење бидејќи од една страна се подигнува степенот на професионалност, знаења и спремност на службениците а од друга страна се помага на државата, рече Стојков.
-Можеме да кажеме и со гордост кажуваме дека ние годишно надвор изнесуваме од 500 до 1000 полициски службеници на разни обуки, семинари и работилници. Воедно со гордост можеме да кажеме и дека технички, колку што ни дозволуваат финансиските можности и преку проекти, го помагаме делот на општото живеење и работење на полициските службеници и каде што можеме и во делот на технички помагала во министерството.
По завршување на 67-миот ИПА Светски конгрес во Охрид, ќе следи манифестацијата „Недела на пријателство“ при што, за учесниците на 67 Светски ИПА конгрес, од 22 до 29 септември, предвидени се туристички разгледувања на повеќе ИПА региони, градови, значајни историски и туристички места во Македонија.
ИПА Македонија брои околу 9000 членови и е релативно млада секција формирана во 2011 година, а во 2014 е призната од светската организација и годинава како домаќин на Светскиот ИПА Конгрес слави 10 годишнина.