Безбедна за пиење водата во и околу мерно место ресторан Билјанини извори
ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид направи дополнителни анализи откако на ова мерно место се појавија проблеми со квалитетот на водата.

ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува граѓаните дека по извршените дополнителни анализи на водата за пиење од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид и добиените резултати, водата е исправна за пиење во и околу мерно место ресторан Билјанини извори – Охрид.




