Skip to main content

Сашко Коцев со стендап насловен „Широк Дијафазон“ гостува во Охрид

Влезниците се пуштени се во продажба со цена од 400 денари.
 |  инфодеск  | 

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид на 28.09.2024 година ( сабота) гостува актерот Сашко Коцев со стендап настап насловен „Широк Дијафазон” и зборува за аномалиите во општеството како и за машко женските односи. Почетокот на стенд ап шоуто е во 20 часот.

Влезниците се пуштени се во продажба со цена од 400 денари и се продаваат секој работен ден од 10.00 до 17.00 часот како и сабота од 13.00 до 20.00 часот.

Возрасна граница за публика 16+ години.