„Зошто сине? Зошто?“
Еди Џордан, шефот на првиот тим на Михаел Шумахер во формула 1, верува дека Германецот е “луд” откако избра да се врати во спортот оваа година. Ирецот останува на тврдењето дека победникот на рекордни 91 трки во спортот требал да остане со епитетот најдобар возач на сите времиња, наместо да ја ризикува репутацијата против младите возачи оваа сезона.

Џордан го воведе Шумахер во формула 1 пред 19 години, пред Бенетон да го соберат Германецот по само една трка. Џордан вели дека не знае кои се мотивите на Германецот.
“Да бев негов татко, ќе го прашав: ‘Зошто сине? Зошто?’. Седумкратен светски шампион и се враќа вака – мора да го загубил умот! Во животот, како личност со таква спортска оставштина морате да се откажете од спортот, а не да чекате спортот да се откаже од вас, а тој се поставува во таква позиција”, додава Џордан за ББЦ.
Шумахер се враќа со актуелните шампиони Мерцедес, претходно познати како Браун ГП, но Ирецот не верува дека тој ќе може да се бори за титулата оваа година.
“Тој доаѓа во позиција во која може да стане, тажен, одбиен човек ако го исплескаат, иако тоа нема да се случи бидејќи толку е добар. Дали може да победи на трка? Сигурно! Зошто би го направил тоа? Бидејќи е луд. Титула? Нема надеж за такво нешто”, додава Џордан.
{loadposition content9}