Skip to main content

Сончево и топло со температури до 26 степени Целзиусови

Сончево и топло време ќе преовладува до утре до крајот на денот кога ќе започне да се зголемува облачноста. Во недела ќе има поголема промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.
 |  инфодеск  | 

Денес во Охрид времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец и температури кои ќе се движат во интервал од 11 до 26 степени Целзиусови.

Сончево и топло време ќе преовладува до утре до крајот на денот кога ќе започне да се зголемува облачноста. Во недела ќе има поголема промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник кога ќе биде и најзначителен пад на температурата (за 8 до 10 степени), информираат од УХМР.