Се одбележува Светскиот ден на туризмот
Под мотото Туризам и мир и денес се одбележува Светскиот ден на туризмот. Во Охрид по тој повод на ФТУ се одржува Меѓународна научна конференција. Целта на Агенцијата за подрршка и промоција на туризмот е создавање на конкурентна туристичка дестинација.
„Светот размислува за длабока поврзаност на туризмот и мирот, а земјава се наодлонува со темата во контекс на одржливиот туризам, кој може да ги транформира заедниците преку создавање работни места поттикнување на вклученоста и зајакнување на локалните економии. Со зачувувањето на културното и природното наследство исто така може да се намалат тензиите и да се сочува соработка и мирен развој со соседните земји“, вели Билјана Стефаноска директор на АППТ.
Новата директорка Стефаноска вели дека земјава во последните години бележи позитивен тренд на туристички промет но тоа не значи и развој. Потребна е стратегија за развој на одржлив туризам во која основа ќе биде зашттата на животната средина.
„Земјата ќе мора да инвестира и посветено да работи за да се етаблира како бренд, идентитет и дестинација што е од круцијално значење, но и основа за туристичка промоција. Светскиот ден на туризмот е воспоставен со цел подигање на свеста за важноста на туризмот и неговите општествени, културни, политички и економски вредности. Во таа насока иднината на македонскиот туризам е во развој на културниот транзит, руралниот еко туризмот како промоција на одржливото и одговорно патување и заштита на животната средина и културното наследство”, додава Стефаноска.
Од Агенцијата за промоција на туризмот најавуваат дека ќе се работи на привлекување на туристи од нови пазари, но и воведување на нови авио линии.
„Треба да се фокусираме на отворање на нови пазари, нови гости. летовите се од големо значење, знаеме дека Виз ер ги намали бројот на летовите. Прво на што треба да работиме е Национална стратегија но сепак таа стратегија мора да биде дел од големата стратегија која ќе ја креира Владата. Туристичката стратегија треба да биде во склоп со таа стратегија“, додава Стефаноска.
Македонија изобилува со туристичките локалитети и атракции, според Стефаноска треба засилено да се работи на промоција на древното културно, историско и природно наследство за привлекување на што повеќе туристи.
Новинар Соња Рилковска