Археолошки истражувања на локалитетот Самуилова Тврдина
Во склоп на овогодишната програма за финансирање проекти од областа на културата од страна на Министерството за Култура и Туризам, во тек се истражувањата на Самуиловата Тврдина под раководство на археолог Анатоли Арнаудоски, виш кустос.
Оваа година во тимот беа вклучени студенти од Универзитетот Гете од Франкфурт како и факултетот Саумптентон од Обидинетото Кралство.
Фокусот беше ставен на новооткриената некропола од 12 век, фамилијарната доцноантичка гробница како и анализата на фрагменти мозаик пропратени со архитектонски градби во Јужниот дел од цитаделата.
-Најавено е проширување на тимот со уште повеќе студенти од гореспоменатите Универзитети како и интензивирње на подршката од страна на Министерството за доистражување на овој значаен локалитет, се додава во соопштението од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.