Skip to main content

Центар за управување со кризи

ЦУК: Во Охрид можни локални урбани проблеми поради недоволен капацитет на атмосферската одведителна мрежа

Од ЦУК апелираат на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците пред се во западните и северо-западните делови на земјата во текот на вечерните часови, како и за време на претстојната ноќ.
 |  инфодеск  | 

Во текот на престојната вечер се очекуваат пообилни врнежи во западните и северо-западните делови на земјата каде се очекува да паднат над 40 l/m2 дожд.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека доколку се остварат прогнозите и врнежите бидат интензивни, на мали теритотии и за кратко времетраење можни се локални проблеми и локални излевања на помалите водотеци и суводолици во крајните западни и северо-западни делови од државата односно пред се на оние кои доаѓаат од планинските масиви Шар Планина, Кораб и Дешат, Стогово и Караорман, Бистра и Јабланица. –Исто така, доколку врнежите бидат поројни и сконцентрирани во градските населени места (Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Охрид) можни се локални урбани проблеми поради недоволен капацитет на атмосферската одведителна мрежа. Кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот но нема опасност од излевање на водата од нивните речни корита, се додава во нивното соопштение.

Од ЦУК апелираат на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците пред се во западните и северо-западните делови на земјата во текот на вечерните часови, како и за време на претстојната ноќ.