Skip to main content

осу „св. климент охридски“

Одличен пласман на охридските средношколци на скопскиот Wizz air маратон

Охридските средношколци маратонот го завршија за одлично време од 04:27:05 остварувајќи забележителен пласман и заземајќи го 32-то место од 84 екипи.
 |  инфодеск  | 

На ден 06.10.2024 година се одржа јубилејното дваесетто издание на Wizz air скопскиот маратон.

На ова издание учествуваа и учениците од охридската гимназијаОСУ „Св. Климент Охридски“ Јана Баткоска, Евгенија Огненова и Наум Стојановски и нивниот пријател Владимир Каланоски од ОЕМУЦ ” Св. Наум Охридски” во категоријата мешан штафетен маратон. Наум и Евгенија истрчаа по 11км, а Јана и Владимир по 10км.

Маратонот го завршија за одлично време од 04:27:05 остварувајќи забележителен пласман и заземајќи го 32-то место од 84 екипи. -Браво за  учениците, а идната година посакуваме да се веат и повеќе охридски знамиња, стои во соопштението од охридската гимназија.