Секоја година на 10 октомври се одбележува Светскиот ден на менталното здравје. Годинава, темата на којашто се одбележува овој значаен датум е „Важноста на менталното здравје на работното место“, информираат од Црвен крст – Охрид.
Црвен крст Охрид и оваа година се приклучува кон одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје, изразувајќи ја на тој начин својата заложба за промоција на менталното здравје како витална компонента на општото здравје. По овој повод, Црвен крст Охрид организираше едукативна работилница насловена „Burnout синдром на работното место“ , под раководство на Ранко Раткушиноски, психолог, и Катерина Наумоска, проектен координатор.