Доделена наградата за животно дело „11 октомври“
Денеска во Кристалната сала на Собранието беше доделена државната награда „11 Октомври“ – највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на земјава. Наградата се врачува се врачува секоја година во Собранието на Македонија на овој ден, 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.
Годинешни добитници се: Јовица Михајловски – актер и продуцент, Владимир Темков – сликар, Љупчо-Бубо Каров – мултимедијален уметник и Марко Китевски – фолклорист.
Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ја донесе одлуката на седница одржана на 11 септември 2024 година, а на која Претседателка на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова – Грујовска.
(Фото: СДК.МК)