УХМР
Сончево со температура до 21 степен
Од четврток метеоролозите најавуваат заладување.

Денеска во Охрид времето ќе биде сончево со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.
Во текот на работната седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од четврток ќе има услови за појава на утринска магла, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.
foto: Ѓоко Симјаноски




