Македонска Квиз Асоцијација
Заврши првото Отворено Квиз Првенство на Македонија (Macedonian Open 2024)
Македонските претставници имаа успешен настап со три Топ 10 пласмани од кои што најуспешен беше актуелниот државен првак Жан Павлов на шестото место.
| инфодеск | Македонија
Минатиот викенд заврши првото Отворено Првенство на Македонија (Macedonian Open 2024) на кое што учествуваа натпреварувачи од 10 земји на 3 континенти, Австралија, Европа и Канада.
Во големата конкуренција целосниот триумф го однесоа претставниците на Велика Британија кои ги освоија сите три места на победничкиот подиум. Првото место го освои европскиот првак од 2019та година Иан Бејли со 130 поени, пред Еван Линч со 128 и квиз легендата, двојниот европски и четирикратен светски првак, Пат Гибсон со 124 поени, соопштуваат организаторите.
Македонските претставници имаа успешен настап со три Топ 10 пласмани од кои што најуспешен беше актуелниот државен првак Жан Павлов на шестото место.