Skip to main content

По повод Светскиот ден на занаетчиството денес ќе се одржи изложба на рачни изработки

На Изложбата со свои изработки ќе се претстават ракотворци од Охрид и Струга, а во склоп на настанот ќе се одржува и работилница на која посетителите ќе може да се запознаат со различните процеси на изработка.
 |  инфодеск  | 
Струга Црн Дрим

Со изложба на рачни изработки, НЗ Пинкокрафтс во соработка со НУ Музеј „Др. Никола Незлобински“ Струга, а во Спомен дом на браќа Миладиновци ќе го одбележат Светскиот ден на занаетчиството, 15ти Октомври.

На Изложбата со свои изработки ќе се претстават ракотворци од Охрид и Струга, а во склоп на настанот ќе се одржува и работилница на која посетителите ќе може да се запознаат со различните процеси на изработка, информираат од здружението.

Влезот е слободен за сите посетители.