Skip to main content

Извлечена ждрепката за групите на хуманитарниот турнир во мал фудбал “Ohrid Freed”

Турнирот започнува на 24 октомври од 19 часот, а ќе го отворат екипите на, Инекс Олгица и РЕК Битола.
 |  инфодеск  | 

Денес во спортската сала “Билјанини Извори” се извлече ждрепка за групите на вториот по ред хуманитарен турнир во мал фудбал “Ohrid Freed”. Турнирот во новото издание ќе се игра во четири групи, секој со секого, и потоа по принцип на елиминации првопласираните ќе играат до самото финале.
На почетокот на ждрепката одговорниот за реализација на турнирот, Тони Илијоски, ги информираше сите присутни околу правилата и прописите кои ќе бидат на важност за време на одржувањето на турнирот.
Турнирот започнува на 24 октомври од 19 часот. Први ќе го отворат екипите од групата А, Инекс Олгица и РЕК Битола. Натпреварите по групи ќе се играат на 24/25/26/28/29 и 30 октомври од 19 до 23 часот.
Ги покануваме сите љубители на малиот фудбал да бидат дел од нас и вториот по ред Хуманитарен турнир во мал фудбал “Ohrid Freed”.

Група А
1. Инекс Олгица
2. ЛТХ Леарница
3. ЈП Водовод Охрид
4. РЕК Битола

Група Б
1. Гостилница Кај Мече
2. КОСТАЛ Македонија
3. ЈП Колекторски систем Охрид
4. ЈП Нискоградба Охрид

Група В
1. Кафе бар Струга
2. МАГНА
3. ЈП Охридски Комуналец
4. Провелд Метал дизајн Волино

Група Г
1. АСП ПАК
2. ОДВ Електрик
3. Општина Охрид
4. Бел Мерцедес