Skip to main content

Во недела претставата „Кумови“ премиерно пред охриѓани

Претпремиерата ќе биде изведена во сабота, 19 октомври со почеток во 20 часот.
 |  инфодеск  | 

Претставата “КУМОВИ” од Душан Ковачевиќ премиерно ќе биде изведена во недела 20.10.2024 во 20 часот. а предпремиерата ќе биде одиграна ден претходно, во сабота на 19.10.2024 во 20 часот.

Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев, а режијата е на Билге Емин.

Превод и драматургија се на Кристина Тодороскс Петреска, сценографијата на Татјана Христоска Бажевска, а за костимографија е задолжена Марија Пупуческа.

Претставата започнува во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари за претпремиера, 400 денари за премиера!

Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.